Ekipa
30 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
ЕСКИШЕХИР (АА) - Терористичката организација ФЕТО давала огромни предизборни донации на кандидатите и на Републиканската и на Демократската партија со цел да го прошири своето влијание во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Во Кривичниот суд во турската област Ескишехир утрово започна судењето на осомничените за поврзаност со терористичката организација ФЕТО и структурите на таа организација на универзитетот Османгази. Обвинението е поднесено против 42 осомничени лица, а 14 осомничени судењето го дочекаа во притвор.
Тунџај Камаш, еден од сведоците-покајници, кој претходно беше отстранет од своето работно место поради поврзаност со терористите на ФЕТО, во обраќањето пред судот изјави дека во 2008 година престојувал во САД поради постдипломските студии.
„ФЕТО е многу организиран и нејзините членови во САД се однесуваат многу повеќе американски, отколку што е тоа случај и со самите Американци. Често влегував во дискусија со нив поради големото време што го трошевме за организирање ручеци или посети на Турција за американските судии, високи функционери и политичари. ФЕТО во САД не работеше на верските начела, туку беше сѐ подредено за ширење на сопственото влијание во американското општество. Немаше тука никакво исламско мисионерство“, рече Камиш.
Истакнувајќи дека тој лично бил сведок дека ФЕТО се откажува од верските начела и прописи заради јакнење на своето влијание во американското општество, Камиш рече дека ФЕТО редовно се мешала и во американската политика во пресрет на изборите.
„Јас лично не учествував во тоа бидејќи, во принцип, не ја сакам политиката, и сум аполитичен. Но, сведок сум дека ФЕТО даваше огромни донации за кандидатите и на републиканците и на демократите во сојузната држава Јужна Каролина. За тие работи беше задолжен имамот на ФЕТО во тој регион Акиф А. Дополнително стапуваше во контакт со избраните претставници и им организираше ручеци и патувања во Турција“, рече Камиш.
Обвинетите негираа дека тие имале активна улога во терористичките активности на ФЕТО на универзитетот Османгази, како и во организирањето на минатогодишниот неуспешен обид за воен удар во Турција.
Судот одобри дека со изречените мерки за забрана, осуммина осомничени во понатамошната постапка да можат се бранат од слобода, а новото рочиште е закажано за 21 ноември.