A. Eda Ünlü Özen
01 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Турција (ТСК) извршија воздушна операција во северниот дел на Ирак во која се уништени воени позиции, засолниште и складишта со муниција и оружје, кои ги користеле терористите на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Турција соопшти дека авионите на турските воздухопловни сили денес извршиле акција врз засолништата на терористите во подрачјето на Метин, во северен Ирак.
Се додава дека со тоа е продолжена борбата на турските Вооружени сили против припадниците на терористичката органзација ПКК.