Aylin Sırıklı
05 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Надлежните органи на Република Турција започнаа постапка за одземање на државјанството на вкупно 130 лица, вклучувајќи го и лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Турција во Службен весник го објави решението за одземање на државјанството на 130 луѓе кои турските власти ги товарат за тероризам, организиран криминал и за кршење на Уставот, а тие се во бегство, во странство, и се недостапни за органите на прогонот.
Државјанството на овие лица ќе им биде одземено ако во рок од три месеци не се вратат во Турција и не се јават во надлежните органи.
Започната е постапката во согласност со турскиот закон и Устав, а до крајот на тримесечниот повик на лицата за враќање во Турција, Советот на министри на земјата ќе донесе конечна одлука за отстранување на овие лица од листата на турски државјани.
Меѓу оние што се повикани да се вратат во Турција и да се јават во надлежните органи е и лидерот на терористичката организација ФЕТО, а исто така и Осман Хилми Оздил, за кој се претпоставува дека е во Тајланд.
Од познатите имиња од редовите на ФЕТО, на листата се Халук Maтараџи и Орхан Toрнаџи, кои се товарат за активно учество во неуспешниот јулски државен удар во Турција.
На листата на имиња на кои им се заканува одземање на турското државјанство се и двајца пратеници од Парламентот, Фајсал Саријилдиз и Фатма Хезер Oздурк, од редовите на опозициската Народна демократска партија (ХДП).
На таа листа е и поранешниот пратеник на Партијата БДП, Оздал Учер. Сите тројца се обвинети за пропагирање терористички активности и за членување во организацијата ПКК.