Турција

Турција: Приведени 23 поранешни и актуелни војници поради поврзаност со ФЕТО

Државното обвинителство во Текирдаг ја заврши истражната постапка против т.н. крипто-мрежи на ФЕТО, инфилтрирани во Вооружените сили на земјата

Ömer Ural  | 17.07.2018 - Обновена : 18.07.2018
Турција: Приведени 23 поранешни и актуелни војници поради поврзаност со ФЕТО

Tekirdağ

ТЕКИРДАГ (АА) - Турската полиција приведе 23 поранешни и активни турски војници осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која пред две години изврши неуспешен обид за воен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Државното обвинителство во Текирдаг ја заврши истражната постапка против т.н. крипто-мрежи на ФЕТО, инфлитрирани во Воружените сили на земјата, а државниот обвинител Емрах Јилдирим минатата недела издаде налог за лишување од слобода на вкупно 26 осомничени лица.

Меѓу осомничените се еден пензиониран полковник, потполковник, двајца мајори, тројца капетани, четворица високи поручници и 15 активни подофицери.

Постапувајќи по налогот на Обвинителството, припадниците на Одделот за борба против тероризмот спроведуваат истовремени операции во 15 турски области, а досега се приведени 23 осомничени лица.

Полицијата трага по преостанатите осомничени лица.

Терористичката организација ФЕТО, во 1970-тите години почна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, во 1980-тите значително ги зајакна своите паралелни структури во тие институции и на крајот, на 15 јули 2016 година, изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната турска власт.

За време на обидот за државен удар во Турција загинаа најмалку 251, а ранети речиси 2.200 лица. Турските надлежни институции покренаа опсежна борба против оваа терористичка организација на чие чело е Фетула Ѓулен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın