Ekipa
05 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека е потребно да се продолжи дијалогот и преку мирен пат да се реши кризата во односите меѓу Катар и некои држави од Заливот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во секој случај, дијалогот мора да продолжи и кризата да се реши по мирен начин. Турција тагува поради актуелната состојба во тој регион и ние ќе дадеме поддршка во процесот за нормализација на ситуацијата“, рече Чавушоглу по средбата со шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, во Анкара.
Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Јемен утрово ги блокираа дипломатските односи со Катар, кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот.