Sibel Uğurlu
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Нови полициски началници се назначени во 61 турска област, вклучувајќи ги Измир, Адана и Коња, во согласност со одлуката објавена денес во Службен весник, јавува Anadolu Agency (AA).
Дваесет и четири началници се префрлени од една област во друга, додека 37 се новоименувани.
Сервет Јилмаз и Адем Чакиџи, кои беа полициски началници во Кахраманмараш, односно Ризе, се именувани за заменици на генералниот директор на полицијата.