Barış Gündoğan
13 Јуни 2017•Ажурирај: 14 Јуни 2017
АНКАРА (AA) - Генералштабот на Оружените сили на Турција соопшти дека вчера тричлена воена делегација на Република Турција е испратена во Катар, во рамките на планираните активности на разместување на силите во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Делегација во Катар продолжува со активности на извидување и координација во рамките на подготовките за разместување на силите", се наведува во соопштението на Генералштабот.
Во соопштението потсетуваат дека договорот за соработка, во врска со разместување на турските вооружени сили на територијата на Катар, стапи на сила на 15. јуни 2015. година.
Се додава дека Оружените сили на Турција од октомври 2015 година започнале со активностите во врска со разместување на силите во таа земја.
Потсетуваат дека воените делегации на двете земји од 2015. година извршиле меѓусебни посети со цел утврдување на потребите во рамките на распоредување на турските сили и увид во локација каде е планирано разместувањето.
Целта на усвоениот закон е да даде придонес во модернизацијата на воените структури на Катар во рамките на меѓународното право како и интензивирање на соработката во областа на војната обука и образованието. Законот предвидува и дополнителен развој на оружените сили на Катар со посредство на заеднички вежби, обуки и образование, како и зголемување на интероперабилноста и координација на двете земји со цел придонес на мирот во регионот и светот.