Sarp Özer
24 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на акцијата „Штитот на Еуфрат”, покрената утринава од страна на турските вооружени сили (ТСК) со цел неутрализирање на терористичките елементи на ДАЕШ во северниот дел на Сирија, на сириската територија влегоа и турските тенкови, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава репортерот на АА од воени извори, турските вооружени сили, според планот, продолжуваат со акцијата со кодно име „Штитот на Еуфрат”, која започна рано утринава со цел неутрализирање на терористичките елементи на ДАЕШ во северна Сирија.
Во рамките на акцијата, турските тенковски единици веќе влегоа на територијата на Сирија.
Турските вооружени сили акциите ги започнаа околу четири часот наутро по локално време, а целта на акциите е да се расчисти границата од терористичките елементи и да се зголеми безбедноста долж границата.
Истовремено, планот на акцијата е да се поддржи одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на соседна Сирија, каде што сè поголема територија е контролирана токму од страна на терористите на ДАЕШ.
Активната борба на турските вооружени сили против ДАЕШ е важен придонес во борбата, која против истиот глобален непријател, ја води и меѓународната коалиција.