Merve Aydoğan
05 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца терористи на ПКК се неутрализирани во воздушните напади извршени од страна на турските сили во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските бомбардери гаѓале новооткриени скривалишта на терористите на планината Зап.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.
Планините Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, по должината на ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје познато како колевка на терористичкото движење ПКК.
Турските сили веќе трета година спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција, како и на северот на Ирак и Сирија.
Антитерористичките акции во пограничните региони на Ирак и Сирија се базираат на правата на Турција засновани на меѓународното право за самоодбрана и резолуциите на Обединетите нации за борба против тероризмот. Акциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји и со цел неутрализирање на терористичките закани.