Merve Aydoğan
04 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 30 припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани за време на операцијата која турските безбедносни сили ја спроведоа во изминатите седум дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Република Турција соопшти дека меѓу неутрализираните терористи се и тројца челници на терористичката организација ПКК.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европска Унија и САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 лица.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и во северниот дел на Сирија и Ирак. Во северниот дел на Сирија дејствуваат и нејзините ограноци ЈПГ/ПКК и ПЈД/ПКК.
Антитерористичките акции во пограничните региони на Ирак и Сирија се базирани на правата на Турција засновани на меѓународното право на самоодбрана и резолуциите на ОН кои се однесуваат на борбата против тероризмот. Акциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји и со цел неутрализација на терористичката закана.