Muhammed Ali Toruntay
16 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека се извршени воздушни операции во подрачјата Гара и Хакурк кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено на Твитер, Министерството истакнува дека операциите биле извршени на 15 и 16 декември.
Се додава дека во овие операции уништени се пештери и засолништа на терористичката организација ПКК.
Според соопштеното, во овие рамки неутрализирани се 10 терористи на сепаратистичката организација кои вршеле подготовка за напад врз бази.