Sadık Kedir Abdu
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа двајца терористи на терористичката организација ПКК во градот Дијарбакир, во југоисточниот дел на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија од Кабинетот на гувернерот на Дијарбакир, градските жандармериски сили извршиле антитерористичка операција во руралните подрачја на Дијарбакир.
Според соопштеното, во рамките на оваа операција се неутрализирани двајца терористи на ПКК.
Се вели дека, исто така, е запленет пиштол „M-16 Калашников“, како и едно воки-токи.