Cansu Dikme
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
БАЛИКЕСИР (АА) - Гумен чамец што се движел кон грчкиот остров Лезбос, во кој се наоѓале 16 лица, меѓу кои и осомничени припадници на терористичката организација ФЕТО, се преврте во близина на градот Баликесир, во северозападниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Баликесир, Ѓокхан Ѓоргулуарслан, во изјава за АА истакна дека шест лица од кои три бебиња се удавиле при потонувањето во близина на островот Чиплак, во подрачјето на Ајвалик, во Баликесир.
Ѓоргулуарслан информираше дека девет лица се спасени од припадниците на крајбрежната стража, додека едно лице се води како исчезнато.
Тој нагласи дека се претпоставува оти меѓу оваа група се наоѓаат и припадници на терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за државен удар што се случи на 15 јули 2016 година во оваа земја, и додаде дека две од овие лица се трговци со луѓе.