Handan Kazancı
02 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Водечката турска компанија од одбранбената индустрија, АСЕЛСАН (ASELSAN), успешно го заврши своето тестирање на прототипот на одбранбено антиторпедско торпедо, систем на противмерки.
Најефикасната одбрана против опасноста од торпеда за подморниците и бродовите се обезбедува со комбинација на „софт-кил“ (Soft-kill) и „хард-кил“ (Hard-kill) методите.
АСЕЛСАН, турскиот водечки произведувач на одбранбени системи, работи на развивање на овие технологии.

Компанијата за краток период произведе прототип на Торк, хард-кил торпедо систем за противмерки, со поддршка на Советот за научни и технолошки истражувања на Турција.
Торк успешено се покажа во подводните тестирања спроведени со првиот сонарен трагач од домашно производство.
Системот ги детектираше целите на површината со помош на сонарниот трагач и беше насочен кон својата цел во тестирањата спроведени за прв пат во Турција.

„Торк пристапува кон заканата од торпедо со активно насочување и експлодира во ефективниот опсег за да уништи или оштети, односно да ја стопира операцијата“, велат од АСЕЛСАН.
Тој може да соработува со торпедните системи за контрамерки „ZARGANA“ и „HIZIR“, со цел да ја максимизира одбранбената способност на заканите од торпеда.
Торк, кој е опремен со автентичен хардвер и софтвер, ќе им овозможи на пловилата, од стратешки апект, безбедно пловење по морињата.
Се очекува да биде едно од најважните подводни оружја на иднината.