Ekipa
06 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
ТУНИС (АУ) - Тунижаните денес гласаат на првите локални избори во земјата, откако со револуцијата во 2011 година беше соборен претседателот Зине ал-Абидин Бен Али, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние гласаме за подобрување на услугите на локално ниво“, изјави Тунижанецот Махмуд Балти за АА. „Дојдов (да гласам) порано поради важноста на општинските совети“, рече тој.
„Локалните избори се поважни од законодавните и претседателските избори, бидејќи тие се фокусираат на локалната власт“, изјави за АА Тунижанецот Џамал Абдул Насер.
На локалните избори учествуваат над 50.000 кандидати.
Според изборната комисија, право на глас имаат околу 5.369.000 Тунижани.