Michael Hernandez
02 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во обраќањето во Белата куќа соопшти дека донел одлука САД да се повлече од Парискиот климантски договор, јавува Anadolu Agency (AA).
„Парискиот договор е договор кој нема врска со борбата против климатските промени, туку со стекнување на економските предности во однос на САД", рече Трамп.
Истакна дека Парискиот климатски договор бил на штета на САД.
„Овој договор е последен пример како Вашингтон влегува во договор кој е на штета на САД, а во корст на другите земји", рече американскиот лидер.
„Се борам секој ден за граѓаните на оваа земја. Економијата на САД се враќа многу забрзано. Имаме повеќе од милион нови работни места. Ова беше многу успешен период. За да го исполни своето ветување и да ги заштити нашите работници, САД се повлекува од Парискиот климатски договор, но ќе продолжиме да преговараме со земјите потписнички на овој договор за да видиме дали постои некој оправдан начин да се вратиме. Длабоко се грижам за околината, но не можам да прифатам договор кој е на штета на САД", рече Трам во Белата куќа.
Потсетуваме, Парискиот договор за климатски промени е прв глобален климатски договор кој ги обврзува богатите и сиромашните земји на запирање на растот на емисија на стакленични гасови кои се сметаат за главен причинител за затоплување на Земјата.
Договорот е постигнат во Париз на 12 декември 2015 година, а земјите потписнички со него се обврзале дека глобалното затоплување ќе го ограничат на ниво на значително пониско од 2 степени Целзјусови.
Договорот досега го потпишале 195 земји, додека го ратификувале 147.