Ömer Aydın
10 Ноември 2018•Ажурирај: 11 Ноември 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на САД, Доналд Трамп, сметаат дека администрацијата на Саудиска Арабија треба да даде повеќе информации во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени на француските медиуми, кои се повикуваат на одредени функционери, Макрон и Трамп истакнаа дека Саудиска Арабија треба да даде повеќе информации околу убиството на Кашоги.
Во овие вести се наведува дека двајцата лидери се согласиле оти убиството треба да се разјасни на тој начин што нема да постои сомневање за ништо.
Според француските медиуми, Макрон и Трамп се согласуваат дека не треба да се дозволи убиството на Кашоги да ја зголеми нестабилноста на Средниот Исток, и да создаде можности за минирање на потрагите по решение во Јемен.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пред поаѓањето во Париз одговараше на прашањата на новинарите на аеродромот „Есенбога“ во Анкара, каде што говореше и за случајот со убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги.
Ердоган нагласи дека моментално не поседуваат документ или наод во врска со Кашоги, но како што рече, поседуваат информации.
„Овие 18 или 15 лица сигурно го знаат сторителот, и тоа каде е однесен неговиот труп“, додаде Ердоган.