Eshat Fırat
23 Мај 2017•Ажурирај: 24 Мај 2017
ВИТЛЕЕМ (AA) – Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Витлеем, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на првата странска турнеја, по посетата на Саудиска Арабија и Израел, американскиот претседател утринава пристигна во Витлеем, во окупираниот Западен Брег, каде што оствари средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Абас во синоќешниот телевизиски настап изјави дека обврска на палестинското раководство е да бара решение за палестинските прашања.
По состанокот, Абас и Трамп ќе одржат заедничка прес-конференција за новинарите, а Трамп во Палестина ќе престојува само еден час.
Тој синоќа, по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Вашингтон е подготвен да соработува со Израел и со Палестина во обновувањето на мировниот процес и решавањето на кризата на Средниот Исток.
Во продолжение на турнејата, Трамп треба да го посети и Ватикан, каде што ќе се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо.