Bekim Laci
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во рамките на истрагите за извршен криминал, коишто произлегуваат од следењето на незаконските комуникации, ги започна истрагите во врска со случајот „Трезор“, за кој главната обвинителка Катица Јанева рече дека се работи за економски криминал кој произлегува од прислушуваните материјали, јавува Anadolu Agency (АА).
Обвинителката Фатиме Фетаи, која е дел од тимот на СЈО, рече дека станува збор за груба злоупотреба на средствата од Буџетот на Република Македонија, за што се осомничени три раководни лица во УБК и едно раководно лице во Министерството за внатрешни работи, во врска со набавка на електронско-комуникациска опрема од фирма од Велика Британија и обука за нејзино користење за потребите на Петтата управа при УБК.
Понатаму, Фетаи рече дека истрагата е започната поради тоа што има основани сомненија дека три раководни лица на Управата за безбедност и контраразузнавање и едно раководно лице од Министерството за внатрешни работи оствариле финансиска корист од познато правно лице, регистрирано во Македонија под името „Финци-Доел“, оштетувајќи го буџетот во вредност од 862.045 евра.
Како што информираше таа, собраните докази во предистражната постапка зборуваат дека во периодот од јули 2010 година, до крајот на 2012 година, тројцата осомничени лица ја злоупотребиле службената должност овозможувајќи на трето лице, „ФИНЗИ-ДОЕЛ“, материјална добивка во износ од 557 илјади и 45 евра, додека четвртото осомничено лице им помогнало во реализирањето на делото.
„Доказите зборуваат дека трите осомничени лица со цел снабдување со електронски и комуникациски делови за МВР и УБК, во име на ДБК, меѓу 7 и 9 јули 2010 година престојувале во Велика Британија, каде што оствариле средба со правното лице за снабдување со делови за потребите на Петтата управа на УБК. Четвртото осомничено лице ги подготвило техничките спецификации“, рече Фетаи и додаде дека деловите не се земени директно од снабдувачот од Белика Британија, а со цел материјална добивка да оствари компанијата „ФИНЗИ-ДОЕЛ“, таа била ангажирана како посредник.
Фетаи рече дека до 3.2.2011 година, директорот на компанијата бил клучното лице во врска со третиот осомничен во истрагата.
Исто така, обвинителката Фетаи додаде дека незаконските активности не запираат само со ова.
„На 23 декември 2011 година, првите осомничени усно го информирале сведокот кој е вработен во МВР дека ДБК има потреба од дополнителни делови од „ФИНЗИ-ДОЕЛ“, и службите на ДСК имаат изготвено анекс-план на договорот меѓу МВР, претставано од сведокот, и ‘ФИНЗИ-ДОЕЛ’, претставувана од веќе сега покојниот Коста Крпач, во износ од 49 милиони 265 илјади и 246 денари“, рече Фетаи и додаде дека СЈО ќе побара мерки за претпазливост против осомничените и замрзнување на имотот и враќање на парите во државниот буџет.
„На 23 декември 2011 година, првоосомничените усно го информирале сведокот кој е вработен во МВР дека УБК има потреба од дополнителни делови од ‘ФИНЗИ-ДОЕЛ’, за што е изготвен анекс на договорот меѓу МВР и „Финзи ДООЕЛ – Скопје“, чиј управител бил починатиот Коста Крпач, за дополнителна опрема во вкупна вредност од 49.265.246 денари“, рече Фетаи, додавајќи дека СЈО од судот ќе побара соодветни различни мерки за претпазливост, а ќе се бараат и мерки за привремено замрзнување на имотот, како и да се вратат парите потрошени од буџетот на државата.
СЈО не откри никакви информации за осомничените лица во оваа истрага и не го соопшти ниту името на компанијата-снабдувач од Велика Британија, затоа што како што рече обвинителката Ленче Ристовска, откривањето на идентитетот на осомничените лица може да наштети во понатамошната истрага.
Инаку, ова е шести предмет на СЈО. Досега отвори пет истражни постапки: „Титаник“, „Тортура“, „ТНТ“, „Тврдина“ и „Транспортер“, а поднесе и две обвиненија.