Ekipa
22 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
АЛЕПО (АА) - Припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК во Африн ги ослободија припадниците на ДЕАШ кои ги држеа во затворите, за да се борат против Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска, јавува Anadolu Agency (AA).
АА од сигурни извори во Африн дознава дека припадниците на ПЈД/ПКК со терористите на ДЕАШ постигнале договор за ослободување, под услов да се борат против турските вооружени сили и Слободната сириска војска во операцијата „Маслинова гранка“.
Ослободените терористи се заробени во текот на претходните судири со припадниците на ПЈД/ПКК.
Турските сили во саботата ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, со цел воспоставување на безбедност во пограничното подрачје, неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата која под окупација ја држат терористите и спас на братскиот народ на тоа подрачје.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.