Halit Süleyman
11 Јули 2016•Ажурирај: 12 Јули 2016
ИДЛИБ/АЛЕПО (АА) - Во нападите на руските сили и припадниците на режимските сили на сирискиот претседател Башар ал-Асад, извршени на Алепо и Идлиб, во Сирија, загинаа 28 лица, а десетици се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Бомбардираните подрачја се наоѓаат под контрола на сириската опозиција.
Официјални лица на цивилната заштита рекоа дека авионите на руската војска извршиле напад со вакуум бомби на подрачјето на Тирманин, во Идлиб, при што загинаа 18, а ранети се десетици лица. Истите извори наведуваат дека нападот е извршен и на екипите за цивилната заштита коишто дошле да им помогнат на ранетите.
Од друга страна, режимските сили бомбардираа и пазар во Алепо. Во тој напад загинаа десет лица, а има и ранети. Ранетите се префрлени во болница на периферијата на Алепо.