Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
25 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
АЛЕПО (АА) - Во воздушните напади на авионите на руската војска на населба на западниот дел на Алепо, загинале четири лица, а имало и повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалниот претставник на Цивилната заштита на Урум ел-Кубра, Хусеин Бедув, изјави: „Русите извршиле три воздушни напади“.
Според него, екипите на Цивилната заштита се обидуваат да ги извлечат лицата заробени под урнатините на бомбардираните објекти.