Muhammed Bilal Kenasari
24 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Властите на Соединетите Американски Држави (САД) ги прогласија за непожелни дипломатските претставници на Венецуела, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт, соопшти дека за непожелни дипломатски претставници биле прогласени вршителот на работи во Венецуелската амбасада во Вашингтон и генералниот конзул на Венецуела во Хјустон.
„Одлуката е донесена во согласност со Виенската конвенција за дипломатските односи, а на венецуелските дипломати им е даден рок од 48 часа да ја напуштат територијата на САД“, наведе Нојерт во соопштението.
Протерувањето на дипломатите е продолжение на изразувањето на американското незадоволство од минатонеделните избори на кои Николас Мадуро веќе во првиот круг се избори за нов мандат на функцијата претседател на Венецуела.
Шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, изјави дека изборите во Венецуела биле нерегуларни.
„Ги осудуваме изборите кои претставуваат удар на Уставот и традиционалните демократски вредности во Венецуела“, порача Помпео.