Emre Aytekin
01 Јануари 2019•Ажурирај: 02 Јануари 2019
ПАРИЗ (АА) - Заврши процесот на излегување на САД и Израел од Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), јавува Anadolu Agency (AA).
Поради предрасудите што УНЕСКО ги има кон Израел во врска со палестинското прашање, овие две земји поднесоа официјално барање за излегување од УНЕСКО и од новата 2019 година ништо повеќе не ги врзува со оваа Организација.
Има големо симболичко значење тоа што САД ги прекинаа врските со овој орган на Обединетите нации (ОН), каде што беа предводник од формирањето по Втората светска војна.
САД и Израел го критикуваа УНЕСКО поради тоа што со одлука на ОН критикувано е присуството на Израел во Источен Ерусалим (Кудс), кој се наоѓа на палестинската територија окупирана од Израел, поради тоа што историските локалитети во регионот се опишани како „Палестинско културно наследство“ и поради „имањето антиизраелски став“, откако во 2011 година за член на Организацијата е примено палестинското раководство.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во октомври 2017 година поднесе официјално барање за повлекување од Организацијата. По Вашингтон, и администрацијата на Израел направи слични чекори во оваа насока.
Во моментов, по повлекувањето на САД и Израел, што предизвика сериозно намалувања во буџетот, не се очекува дека тоа сериозно ќе влијае врз УНЕСКО. Откако во 2011 година администрацијата на Палестина беше примена за членка, САД и Израел го запреа своето финансирање на Организацијата.
Американската администрација претходно соопшти дека ќе ги продолжи врските со УНЕСКО, и дека соработката во темите од културата и науката, кои не се „политички“, ќе ја следи како „набљудувач“.
САД и претходно, во 1984 година, во времето кога претседател на САД беше Роналд Реган, ја напуштија Организацијата под изговор дека таа „ги штити интересите на Советскиот Сојуз“. Во 2003 година повторно се вратија во членството на Организацијата.