Sibel Uğurlu
18 Ноември 2018•Ажурирај: 19 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Билансот на загинати во пожарот Камп во сојузната американска држава Калифорнија се искачи на 76 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шерифот на округот Бат, Кори Хорнеа, преку Твитер соопшти дека во пожарот се исчезнати најмалку 1.300 лица.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп го посети погоденото подрачје.
Пожарот Камп во северна Калифорнија изгоре над 11.000 градби, и покрај напорите на илјадници пожарникари да ја запрат огнената стихија која зафати површина од 570 километри квадратни.
Пожарот Вулси во јужниот дел на државата изгоре речиси 450 куќи.