Mustafa Keleş
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
ЊУЈОРК (AA) - Русија и Кина вложија вето на нацртот на резолуцијата на Советот за безбедност на Он која предвидуваше седумдневно примирје во сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, на состанокот во понеделник отфрлен е нацртот на резолуцијата со која се обидоа да постигнат седумдневно примирје за да хуманитарната помош биде доставена во Алепо.
Русија и Кина вложија вето на нацртот на резолуцијата, Венецуела беше против, Ангола остана воздржана, додека 11 земји даде поддршка на нацртот.
Со ова вето, Русија од 2011 година шест пати вложи вето на нацртот на резолуцијата за Сирија, а Кина вкупно пет пати.
Нацртот на резолуцијата го предложија Шпанија, Египет и Нов Зеланд.
За да резолуцијата биде прифатена, потребно е двотретинско мнозинство односно 9 од 15 земји, со услов ниту една од 5 постојани членки (Сад, Русија, Кина, Франција и Велика Британија) да не стави вето.
Алепо е втор по големина град во Сирија. Центарот на градот е одалечен 40 километри од границата со Турција. Западниот дел од центарот на Алепо го контролира режимот, а источниот дел опозицијата.
Податоците на Дирекцијата за здравство во Алепо покажуваат дека населението веќе 101 ден нема можност да ги задоволи хуманитарните потреби. Веќе три недели во градот не работат болниците, медицинските центри, пекарите, училиштата ...