Emre Gürkan Abay
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
МОСКВА (АА) - Министерството за надворешни работи на Руската Федерација побара Соединетите Американски Држави (САД) да го намалат бројот на дипломатскиот персонал во Москва, како и да не користи одреден имот, јавува Anadolu Agency (AA).
Сенатот на САД претходно со мнозинство гласови го одобри воведувањето на нови санкции против Русија, Иран и Северна Кореја.
Законот кој вклучува да се воведат нови санкции за трите земји беше усвоен со 97 гласови за и два против.
Претходно, законот беше донесен во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, со 419 гласа за и три против.
Усвоениот закон, со кој се предвидува да се воведат нови санкции, ќе биде испратен до претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, кој може да го одобри или да го блокира со ставање вето.