Ekipa
06 Септември 2018•Ажурирај: 07 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Генералот Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на руската Војска, изјави дека во воената вежба, која започнува следната недела и за која се очекува дека ќе биде најголема во последните три децении, ќе учествуваат речиси 300.000 војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во вежбата „Vostok 2018“, која ќе се одржи во Источна и Централна Русија, ќе учествува и монголската и кинеската Војска.
Герасимов денес изјави дека за време на воената вежба ќе бидат извршени големи лажни воздушни напади и тестирања на мерките против крстосувачките ракети. Додаде дека маневрите ќе се извршуваат во Охтоското Море, кое се наоѓа меѓу Русија и Јапонија, и на северниот дел на Тихиот Океан.
„Најинтензивниот дел од вежбата ќе биде во подрачјето на Цугол, оддалечен околу 150 километри од границата со Кина и Монголија. Таму силите на двете вежби ќе вежбаат против руските формации“, истакна Герасимов.