Furkan Abdula
28 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по инцидентите како резултат на избирање на новиот претседател на Парламентот, реагираше на социјалната мрежа Твитер, јавува Anadolu Agency (AA).
„Насилството, омразата и гневот не смее да преовладуваат. Тоа го сакаат непријателите на Македонија. Не се потребни нови и трајни поделби на македонското граѓанско ткиво, ниту меѓу различните етнички заедници“, истакнува Груевски.