Erbil Başay
07 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Во Германија значително е зголемен бројот на екстремните десничари и левичари кои се насилни, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на Одделот за заштита на Федералниот устав (БФВ) за 2016 година, бројот на екстремните десничари во 2014 година бил 22.150, во 2015 година 23.850, а во 2016 година нивниот број се искачил на 24.350 лица.

Во извештајот се наведува дека 6.500 од екстремните десничари се членови на партиите како Национална демократска партија на Германија (НПД), „Die Rechte“ (Права), „Pro NRW“ и „Der III Weg“ (Трета опција), а бројот на екстремни десничари кои се членови на други организации изнесува 3.500.
Според извештајот, 5.800 екстремни десничари се членови на групи опишани како неонацистички, додека бројот на екстремни десничари кои доаѓаат од субкултурите и не се членови на ниту една организација е 8.500.
- Зголемен бројот на екстремни десничари кои се насилни
Како што се вели во извештајот, во 2014 година, 10.500 лица меѓу екстремните десничари биле насилни, во 2015 година 11.800 од нив биле насилни, а бројката во 2016 година се искачила на 12.100 лица.
Според овој извештај, зголемен е и бројот на насилните инциденти во сите германски сојузни држави направени од страна на екстремните десничари. „Забележано е дека екстремните десничари извршиле 381 насилен акт во Северна Рајна-Вестфалија, 165 во Бранденбург, 150 во Берлин и 145 во Саксонија. Забележан е и пораст на злосторствата како убиство, ранување, подметнување пожар, извршени од страна на оваа група“, се вели во извештајот.
- Може да биде извршен напад врз политички ривали или државни претставници
Во овој извештај се истакнува дека особено бегалските кампови претставуваат цел на екстремните десничари, и оти во 2015 година се извршени 894 напади врз овие домови, а минатата година 907. Според тоа, се предупредува дека потенцијалната закана од екстремните десничари достигнала до критично ниво.
„Во некои региони во Германија, создадени се екстремно десничарски групи, чија цел е да вршат насилство врз странците, политичките ривали или врз државни претставници“, се вели во извештајот, и се истакнува дека ектремно десничарските групи како „Old Society“ и „Gruppe Freital“ можат да извршат насилни акти кои имаат димензија на тероризам или да направат конкретни планови во оваа насока.
- Пораст на екстремната левица
Од друга страна, се истакнува дека минатата година е забележан значителен пораст во бројот на екстремните левичари кои насилни. Според извештајот, во 2014 година имало 28.000 екстремни левичари, во 2015 година 27.400, а овој број во 2016 година се искачил на 29.400 лица.
Според извештајот, бројот на екстремни левичари склони на насилство во 2014 година беше 7.600, во 2015 година се искачи на 7.700, а минатата година нивниот бројк достигна до 8.500. Се наведува дека порастот на насилните акти на екстремните левичари склони кон насилство е особено забележан против политичките ривали и полицијата.