Emre Gürkan Abay
16 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин го обвини НАТО сојузот за постојана провокација и за обид да ја вовлече Русија во судир, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (FSB) во Москва, Путин потсети дека НАТО на минатогодишниот состанок во Варшава, за првпат од 1989 година ја окарактеризирал Русија како закана за Сојузот и дека тогаш како службена мисија е усвоено таквата закана од Русија да биде отстранета.
Путин предупреди и дека НАТО продолжува со процесот на распоредување на стратешкото и конвенционално вооружување надвор од границите на неговите членки, и ја провоцира Русија.
„Се обидуваат да нѐ вовлечат во судир“, изјави рускиот претседател.
Путин го обвини НАТО сојузот за мешање во внатрешните работи на Русија и за обид за дестабилизација на земјата. Тој воедно тоа го оцени како загрижувачко.
Рускиот претседател истакна дека обновувањето на дијалогот меѓу руската разузнавачка служба и разузнавачките агенции на САД и на другите земји-членки на Сојузот би било од општа корист.
„Русија не е одговорна за нарушувањето на дијалогот со разузнавачките служби на другите земји. Сите земји и меѓународни институции мора да соработуваат во борбата против глобалниот тероризам, бидејќи секоја информација за терористите или финансирањето на тероризмот значително ја зголемува ефикасноста на нашата заедничка борба. Поради меѓусебното воено-политичко и економско натпреварување на глобалните и регионалните сили, на Блискиот Исток, во Азија и во Африка траат крвавите судири“, изјави претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин за време на обраќањето на состанокот на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација во Москва.