Ata Ufuk Şeker
02 Декември 2018•Ажурирај: 03 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Неколку илјади активисти за заштита на животната средина се собраа денес во Брисел, Белгија, на демонстрации против политиките за климатските промени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на протестот под слоганот „Заштита на животната средина“, чии организатори се неколку невладини организации и здруженија за заштита на животната средина, неколку илјади луѓе се собраа на главната железничка станица во Брисел.

Демонстрантите низ главните улици во градот минаа покрај институциите на Европската Унија (ЕУ) и протестот го завршија во Паркот на јубилејот. Група велосипедисти по различни рути стигнаа до истата точка.
На протестот беа упатени критики за политиката на белгиските власти за климатските промени, барајќи земјата до 2030 година да ја намали емисијата на гасови со ефект на стаклена градина за 55 отсто.
Активистите кои носеа разнобојна облека, носеа и транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше „Нема друг свет“, „Сакаме праведна политика за климатските промени“, „Спасете го светот“ и сл.
Во градот поради протестите се зајакнати безбедносните мерки, а одредени сообраќајници се затворени за сообраќај.