Kubilay Çelik
23 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
АНКАРА (AA) - Пратениците во Големото народно собрание на Република Турција на денешната седница ја усвоија одлуката за продолжување на овластувањата на Владата на Турција со која е овозможено користење на војската во операциите надвор од границите на Турција, во Сирија и Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Во одлуката на Владата на Република Турција за продолжување на овластувањата на Владата наведено е дека Турција придава голема важност во зачувувањето на целовитоста и стабилноста на Ирак и Сирија, и се наведува дека присуството на терористите на ПКК и ДЕАШ, како и етничкиот сепаратизам во таа земја претставуваат директна закана на регионалниот мир и безбедноста на Турција.
„Во тој контекст, од клучната важност за Турција е да во склад со меѓународното право ги презеде сите потребни и соодветни мерки против тероризмот и сите случувања кои во Сирија и Ирак претставуваат ризик за целовитоста на тие држави и кои вооедно се закана за националната безбедност на Турција", наведено е во претходно во владина одлука.
Во одлуката која ја потпиша турскиот премиер Бинали Јилдирим исто така се наведува дека Турција продолжува со други вклучени држави да работи на процесот на мировните преговори кои се водат во Астана и кои водат во насока на воспоставување на мирот во Сирија.
Со цел борба против терористичките елементи и други закани, турската Влада на 2. октомври 2014 година од турскиот Парламент доби ингеренции согласно проценките во согласност со меѓународното право за обврски да ги ангажира турските безбедносни сили во кризни подрачја на Сирија и Ирак кои граничат со Турција.
Дополнително е продожена таа ингеренција а Владата сега бара истата да биде продолжена до крајот на октомври наредната година.