Zülfiya Yakup
14 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
ПРИШТИНА (AA) -Повеќе илјади граѓани од сите делови на Косово протестираа денес во центарот на Приштина против договорот за Заедниците на општините со српско мнозинство и договорот за демаркација со Црна Гора. Од протестите со мотото “За достојанствена земја”, кој го организираа две опозициски партии, Алијансата за иднина на Косово и Иницијативата за Косово, побарано е актуелната власт да поднесе оставки, јавува Anadolu Agency (AA).
Учесниците на протестите носеа косовски, албански, американски и знамиња на ЕУ. Полицијата го обезбедуваше собирот кој помина мирно.
Претседателот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај рече дека било потребно повеќе децении Албанците да ги добијат своите права но дека Косово денес пак е немирно поради неправедното мешање на Србија, а највеќе поради корумпираната власт.
„Косово има две опасности, мешањето на соседите и оваа влада. Владата е опасност бидејќи не само деа со корупцијата ја уништила економијата, туку и работните места. Владата е опасност не само затоа што не го спроведува редот и законот во целата земја и на север, туку го попречува нормалниот развој на правната држава. И не само тоа, Владата ја загрозува уставноста на земјата", рече Харадинај.
Тој наведе дека Косово губи со демаркација на границата со Црна Гора и затоа со право бара власта да им ги врати мандатите на граѓаните.
Лидерот на Иницијативата за Косово, Фатмир Лимај рече дека протестот против владата нема да запре и дека антиуставната влада мора да замине.
„Ќе видите во наредните денови, како што видовте и последните денови тровија- добиваме визи, ја даваме земјата. Ние визите ги заслужуваме, но не даваме ниту сантиметар од земјата. Покасно ќе видите и друга трговија- ја прифаќаме заедницата и создваваме војска а ние денес велиме и без Заедницата Косово ќе има Војска", рече Лимај и додаде дека „велиме стоп на политиката на лаги и изневерувања".
Претседателот на Националниот совет на Иницијативата за Косово, Јакуп Красниќи, изјави дека денешниот протест ја покажува решителноста на граѓаните да се спротистават на договорот за демаркација на границата со Црна Гора, со која Косово губи повеќе од 8.000 хектари земја. Тој порача и дека само предвремените избори можат да го вратат легитимитетот на власта.
Најголемата опозициска партија, Движењето „Самоопределување” не го поддржува протестот и нема да присуствува на него. Опозициските партии се разидоа пред речиси два месеци кога заедничкиот протест на обединетите опозиции беше откажан, а требаше да се одржи на 26-ти март. Во меѓувреме, Алинајса и Иницијатива потпишаа договор за предизборна коалиција.
Меѓутоа, денешниот протест подржан е од страна на Група на независни студенти од Приштинскиот Универзитет „Хасан Приштина” и други приватни колеџи, како и неколку невладини младински организации.
Инаку, косовска опозиција, од крајот на септемрви, повеќе од шест месеци, со солзавец ја блокира работата на Собранието на Косово, а одржани се два големи протести на 9-ти јануари и 17-ти февруави со кој е побарано од владата да поднесе оставка поради како што наведуваа неуставните договори.