Zülfiya Yakup
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
ПРИШТИНА (АА) - Авион на компанијата Turkish Airlines, кој леташе од Истанбул, при слетување на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина се лизна од пистата поради врнежите од дожд, јавува Anadolu Agency (AA).
„Летот на Turkish Airlines ТК1018 од Истанбул имаше незначителна несреќа при слетувањето во која за среќа немаше повредени. Поради тоа аеродромот е затворен на неколку часови до завршувањето на почетната техничка истрага“, наведе портпаролката на аеродромот Валентина Гара.
На местото на настанот веднаш излегоа и противпожарните екипи а над стоте патници и членои на екипажот безбедно го напуштија авионот.