Adnan İdriz,Orhan Topal
23 Февруари 2017•Ажурирано: 24 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) – Се вршат активности за откривање на лицата и институциите што се поврзани со терористичката организација ФЕТО во Албанија, која се наоѓа на врвот меѓу европските земји каде што припадниците на ФЕТО се најмногубројни.
Според информациите на Anadolu Agency (АА), припадниците на ФЕТО што по крвавиот обид за државен удар на 15. јули избегале во странство, развиваат различни методи за да не им се открие идентитетот. Припадниците на ФЕТО прават коридори за бегство со слични методи што ги користат припадниците на терористичката организација ПКК. Балканските земји ги користат како рута за премин во државите каде што тие сакаат да се засолнат.
Албанија е првата опција меѓу балканските земји каде што припадниците на ФЕТО сакаат да се преселат. Припадниците на ФЕТО кои долго време дејствуваат во Албанија и во оваа држава ги има во најголем број, живеат во паника откако администрацијата на државата започна да ги открива нивните идентитети, како и институциите.
Поради продолжувањето на процесите за идентификација од страна на албанските власти и поради можноста за споделување на овие информации со Турција, членовите на организацијата бараат различни начини за да останат во оваа држава, а да не бидат откриени. Прв меѓу нивните методи е тоа што припадниците на ФЕТО добиваат дозвола за престој во соседната земја Македонија, а во Албанија вршат трговски дејности без да бидат евидентирани.
- Имаат цел да не бидат вклучени во „листата на припадниците на ФЕТО“
Припадниците на ФЕТО што вршат трговија во Албанија се пренасочуваат кон Македонија, која сѐ уште не презела мерки во вистинска смисла против терористичката организација ФЕТО, со цел да добијат дозвола за престој со помош на „методите“ како визно ослободување или запишување на факултет, основање трговски фирми или станување партнер на некоја компанија.
Припадниците на ФЕТО се плашат да не се открие нивниот идентитет, па иако нивните компании се наоѓаат во Албанија, тие добиваат документи дека престојуваат во Македонија со цел да не бидат вклучени во „листата на припадниците на ФЕТО“. Со помош на визното ослободување меѓу овие две држави, припадниците на терористичката организација својот бизнис го работат на овој начин.
Оние што за првпат отвораат бизнис во државата, започнуваат со работа на истиот начин. По завршувањето на процедурите во Македонија, трговската дејност ја работат во Албанија.
„Пренос на компанија“ е еден од методите што припадниците на ФЕТО ги користат за да не се открие нивниот идентитет. Тие особено вршат пренос на своите бизниси на локалните жители во кои имаат доверба и се поврзани со ФЕТО, и со тоа се ослободуваат од стравот дека ќе бидат откриени.
- Трговските дејности не се вршат преку банки
Исто така, припадниците на ФЕТО кои се претпазливи, не ги вршат своите трговски дејности преку банки поради стравот од откривање на нивниот идентитет и во двете држави. Паричните трансакции се вршат во готово. Некои таканаречени „куќи за служба“ на припадниците на терористичката организација во одредени места, се користат за чување на овие готови пари.
- Од ден на ден се намалуваат парите за помош, односно донациите
Долготрајната борба на Турција против ФЕТО, којашто по обидот на државен удар на 15. јули стана поинтензивна, негативно влијае врз нивните извори на пари. Оваа терористичка организација доживува тешкотии во исплатувањето на месечните плати на вработените во нивните институции.
- Турските државјани минатата година основале над 200 бизниси
Од друга страна, бројот на основаните бизниси минатата година од страна на лицата што од Турција дошле во Македонија, е над 200.
Околу 70 отсто од овие бизниси припаѓаат на припадниците на ФЕТО кои избегале од Турција по 15. јули, со своите парични средства. Бидејќи условите за влез во државата и за престој во оваа држава се соодветни, припадниците на ФЕТО се пренасочуваат кон Македонија.
Припадниците на ФЕТО кои повеќе дејствуваат во областа на градежништвото и во туризмот во Македонија, со цел да не се открие нивниот идентитет изнајмуваат возила од фирмите што се управувани од страна на лица поврзани со организацијата и ги вршат нивните секојдневни работи.
- Структурата на ФЕТО во Албанија и во Македонија
Многубројни институции и компании во многу држави од регионот на Западен Балкан, кои се знае дека се блиски со ФЕТО, дејствуваат во различни сфери. Од 40 училишта коишто се блиски со ФЕТО, 12 се наоѓаат во Албанија, а 7 во Македонија.
Организацијата привлекува внимание со своето присуство во областите на образованието, туризмот, медиумите и во издаваштвото во овој регион, како и во јавните институции. ФЕТО преку учениците образовани во своите школи сака да го зголеми влијанието во институциите во регионот.