Ekipa
31 Декември 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Во акција на турските тимови за борба против тероризмот и разузнавачките тимови извршена во Анкара уапсени се петмина припадници на терористичката организација ДЕАШ поради сомнение дека планираат активности за време на новогодишната прослава, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на разузнавачки информации, турските безбедносни сили утрово извршија рации на две адреси во подрачјето на Етимесгут и приведоа по еден државјанин на Чеченија и Ирак, и тројца на Сирија, кои илегално влегле во Турција.
За време на пребарувањето беа пронајдени голем број документи, вклучувајќи и фалсификувани пасоши.
Новинарот на АА дознава дека бројот на приведените, според исказите на уапсените, може да се зголеми.
Со новите акции, бројот на приведени во операциите против ДЕАШ започната на 29 декември во Анкара се искачи на 42 лица.
Од друга страна, во слична операција извршена утрово во Истанбул беа уапсени најмалку 20 лица осомничени за поврзаност со лидерите на ДЕАШ во Сирија и Ирак.
Меѓу уапсените има 15 странски државјани.