Sibel Uğurlu
11 Февруари 2019•Ажурирај: 12 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Четворица војници загинаа кога воен хеликоптер се урна денес за време на принудно слетување во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, соопшти дека хеликоптерот се урнал во населбата Чекмекој, во азискиот дел на Истанбул, доцна попладнево.
Четворицата повредени војници, кои се наоѓале во хеликоптерот, по падот биле префрлени во болница, а гувернерот на Истанбул подоцна за новинарите изјави дека војниците починале од здобиените повреди.
Сè уште не се познати причините за несреќата.