Malik Hasa
06 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
СКАДАР (АА) – Фудбалскиот натпревар помеѓу Албанија и Македонија во рамките на квалификациите за Светското првенство "Русија 2018" беше прекинат во 77. минута по одлуката од страна на судијата, поради лошите временски услови, јавува Anadolu Agency (AA).
Како резултат на обилниот дожд и силниот ветер натпреварот беше прекинат, додека поголемиот дел од навивачите го напуштија стадионот „Лоро Боричи“. Од друга страна, во второто полувреме македонската репрезентација го израмни резултатот на 1:1 со голот на Алиоски во 51. минута.
Голот за албанската репрезентација го постигна Садику во деветтата минута од натпреварот.