Ekipa
29 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
ХАГ (АА) - Холандскиот министер за правда, изјави дека е постигнат договор со Албанија за враќање на албанските азиланти во својата татковина, јавува Anadolu Agency (АА).
Според договорот чии детали се објавени денес, Холандија има право албанските баратели на азил чии барања се одбиени, а не сакаат да се вратат дома доброволно, може да се качат на посебни владини летови до Албанија.
Министерството за правда соопшти дека Холандија повеќе не зависи од комерцијалните летови и дека има можност големите групи луѓе да ги испрати дома.
Договорот беше постигнат за време на зголемувањето на бројот на Албанци кои бараат азил во Холандија. Во последните четири месеци, имало 750 такви барања. Во текот на минатата година, холандските власти добиле повеќе од 1.000 барања за азил од албански државјани.