Ekipa
20 Ноември 2017•Ажурирај: 20 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Пратениците од Големото народно собрание на Турција (TBMM) во Анкара денеска избираат претседател на оваа институција, јавува Anadolu Agency (AA).
Кандидати за функцијата претседател на Големото народно собрание се претставникот на Партијата на правдата и развојот (AK Parti) Исмаил Kахраман, кој во претходните две години ја извршуваше функцијата претседател на собранието, Тамер Дагли, исто така од АК Партија, Зекерија Teмизел од Републиканската народна партија (ЏХП), Џелал Адан од Партијата за национално движење (МХП) , Јусуф Халачоглу од Партијата IYI (Добра партија), и претставникот од Националната демократска партија (ХДП) Селма Ирмак.
За избор на претседател на Народното собрание на Турција, потребно е еден од кандидатите во првите два круга од гласањето да освои две третини од гласовите, или доверба од 367 пратеници.
Ако претседателот не биде избран во првиот круг, вториот и третиот круг ќе бидат организирани истиот ден.
Доколку во првите два круга ниту еден кандидат не го освои потребниот број гласови, се организира трет круг, во којшто кандидатот мора да добие најмалку 276 гласа.
Ако ни потоа не биде избран, ќе се организира четврти круг, во којшто ќе се натпреваруваат двајца кандидати со најголем број гласови од третиот круг. Победник е кандидатот што има повеќе гласови.