Güç Gönel
18 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Повеќекратниот турски, европски, светски и олимписки шампион во кревање на тегови Наим Сулејманоглу почина денеска во Истанбул во 50. година, јавува Andolu Agency (AA).
На Сулејманогу неодамна му е трансплантиран црнн дроб, а по пресој во единица за интензивна нега во болницата Аташехир Меморила во Истанбул ја загуби битката за животот.
Тој беше светски првак седум пати, европски првак шест пати, а различни светски рекорди поставуваше дури 46 пати.
Сулејманоглу е еден од ретките кревачи на тег во историјата (еден од вкупно четири) кој на официјално натпреварување успеа да крене тежина три пати потешка од својата тежина.
Поради својата телесна фигура (висок само 147 сантиметри, а се натпреваруваше во перо категорија) го доби прекарот "џепен Херкул". Сулејманолу освои златни медали на Олимписките игри во Сеул 1998 година, Барселона 1992 година и Атланта 1996 година. Прогласен е и за најуспешен турски спортист на сите времиња и еден од најуспешните кревачи на тегови во тој спорт во светот. Спортските авторитети го прогласија за спортист на векот.