Göksel Yıldırım
13 Јули 2018•Ажурирај: 14 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турција и Пакистан потпишаа договор според кој Пакистан од Турција купува 30 турски АТАК хеликоптери. Со реализацијата на овој договор ќе биде објавена најголемата пратка во областа одбрамбена индустрија некогаш испорачана од Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Од турскиот Кабинет за одбрамбена индустрија соопштено е дека Турската индустрија за воздухопловство и вселена (TUSAS) и Министерството за одбрамбена индустрија на Пакистан потпишале договор за продажба на 30 турски хеликоптери од типот АТАК Т-129.
Станува збор за пакет договор кој, освен продажба на 30 хеликоптери, ја опфаќа логистиката, резервите делови, обука и муниција.
Турскиот хеликоптер АТАК, првиот локално произведен јуришен хеликоптер е мултифункционален воен хеликоптер кој е дизајнира во два типа. Станува збор за најсовремена технологија опремена со воен хеликоптер со тешка артирелија. Опремен е со 76 ракети, 20 милиметарски топ, противтенковски и други разорни проектили, прототипот на АТАК хеликоптерот првиоте тестирачки лет го имаше на 17 август 2011 година.
АТАК успешно се докажа за време на тестирањето во Пакистан, а со оглед на своите карактеристики спаѓа меѓу најконкурентните хеликоптери на глобалниот пазар.
Договорот за продажба на 30 АТАК хеликоптери на Пакистан е воедно и најголема пратка на полето одбрамбена индустрија во историјата на Република Турција.