Ekipa
05 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
САНТА ПАУЛА (АА) - Речиси 8.000 семејства се евакуирани поради пожар кој изби на шумското подрачје на јужниот дел на сојузната американска држава Калифорнија, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарникарската бригада соопшти дека пожарот избил синоќа источно од Санта Паула, околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес. Пожарот потоа се проширил на простор од 64 квадратни километри.
Неименувани официјални лица истакнаа дека има еден загинат во сообраќајна несреќа поврзана со последиците од пожарот.
Поради брзото ширење на пожарот, наредена е евакуација на домаќинството во Вентура, град со повеќе од 100.000 жители.
Националната метеоролошка служба предупреди дека на тоа подрчајето ветерот достигнува брзина од 95 километри на час.
Локалните власти наведоа дека во пожарот во потполност биле уништени два објекти, но не прецизираа дали се работи за куќи.
Компанијата за дистрибуција на струја SCE соопшти дека во округот Вентура околу 180.000 корисници останале без електрична енергија.
Прекината е наставата на Универзитетот „Тома Аквински“, во близина на подрачјето на коешто избувна пожарот.
Поддршка во гасење на оганот пружија и пожарникарните единици од Лос Анџелес и Санта Барбара.