Yusuf Kaya
22 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Данска соопшти дека ја запрела продажбата на оружје за Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави данското Министерство за надворешни работи се вели дека поради Граѓанската војна во Јемен која предизвика човечка криза и поради убиството на новинарот Џамал Кашоги, запрена е продажбата на оружје за Саудиска Арабија.
„Јасно е дека Саудиска Арабија игра негативна улога во човечката криза во Јемен и во убиството на Кашоги. Затоа дојде време за испраќање јасен сигнал на предупредување кон оваа земја“, се вели во соопштението.
Министерот за надворешни работи, Андерс Семјуелсен, истакна дека земјите од Европската Унија потребно е да ја запрат продажбата на оружје за Саудиска Арабија, како што тоа го направила неговата земја и Германија.
Министерот Семјуелсен упати критики кон ставот на САД за Саудиска Арабија, при што истакна дека тој се движи во спротивна насока од ставот на Европа, и потсети дека САД продолжуваат за милијарди долари да ѝ продаваат оружје на Саудиска Арабија.