Hamdi Çelikbaş
25 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Во опсежната полициска операција „Спокојство и мир Tурција - 6“ која започна вчера во Турција приведени 1.485 лица по кои трагаа полициските служби, јавува Anadolu Agency (AA).
Во операцијата учествуваа 12.870 тимови и 71.531 припадник на турската полиција, жандармеријата и крајбрежната стража, а запленети се меѓу другото, 115 возила, 68 пиштоли, 51 ловечка пушка, 2.837 парчиња муниција ...
Целта на операцијата е приведување на осомничени лица и зајакнување на безбедната и мирна околина.
Од Генералната дирекција на полицијата (EGM) е соопштено дека операцијата, која што е наложена од страна на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, е спроведена истовремено во вкупно 81 турски град.
Во обемната операција, во која се ангажирани припадници на полицијата, жандармеријата и крајбрежната стража, користено е 341 полициско куче.
На 6.238 точки проверени се 605.448 лица, а приведени се 1.485 лица по кои се трагаше.
При контрола на 182.921 возила, пронајдени се 115 барани возила, поради одредени недостатоци спроведена е и казнена постапка за 6.707 возила, а 1.905 се исклучени од сообраќај.
Проверени се 21.631 комерцијален објект, а за 452 е напишана казна, додека 41 е затворен.
Од опсежни шест операции до денес се проверени 3.002.330 лица, а пронајдени се 7.855 лица по кои се трагало.
Од одредени причини приведени се 3.703 лица, а беше покрената судска и административна постапка против 7.873 лица.
Направен е увид на 846.803 возила, а пронајдени се 381 возило по кое се трагаше.
Поради недостатоци напишана е казна за 33.390 возила, а 8.675 возила се исклучени од сообраќај.
Извршена е инспекција на 111.413 деловни објекти, а за 6.340 е покрената кривична постапка, додека 4.657 се затворени.
За време на претресите одземени се 358 пиштоли, 331 ловечка пушка, 8.029 парчиња оружје, како и поголема количина опојни средства, предмети од историско значење и слично.