Selami Küçükoğlu
22 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Тимовите на Дирекцијата за борба против тероризмот во Истанбул спроведоа операции против терористичката организација ДЕАШ во населбите Султанбејли и во Пендик, при што се приведени 35 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштеното, во рамките на спроведените операции од страна државното обвинителство, истовремено се извршени рации на 41 локација во Султанбејли и во Пендик поради сомневање дека таму засолнати терористи на организација ДЕАШ.
Во овие рации биле запленети 6 шаржери муниција со калибар од 7,65 мм, голем број различни дигитални и печатени материјали, документи на организацијата како и воена камуфлажа.
Приведените се одведени во Дирекцијата за борба против тероризмот заради понатамошно процесуирање.