Cansu Dikme
03 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
АМАН (АА) - Поради жестоките напади од страна на силите приврзани на режимот на Башар ал Асад, околу 270.000 цивили од Дера избегаа во подрачјето на границата со Јордан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на мисијата на Обединетите нации (ОН) во Јордан, Хитам Малкави, за АА изјави дека бројката на протерани од Дера е значително поголема од очекуваното.
Тој рече дека со бегалците од тој сириски регион пристигнале најмалку 135.000 деца.
„ОН во рамките на своите надлежности и можности ќе достави одредена хуманитарна помош за тие бегалци“, рече Малкави.
Дера, вклучувајќи ја и соседна Кунејтра, е една од четирите зони кои со посредство на Русија, Турција и Иран минатата година на мировниот процес во Астана беа прогласени за зони без судири и за кои беше договорено примирје и создавање хуманитарен коридор.
Нешто подоцна, Русија, САД и Јордан постигнаа посебен договор за воспоставување примирје во тој регион. САД престанаа да испраќаат помош за тамошните бунтовници, а режимот на Асад и покрај сите предупредувања, тргна кон освојување на бунтовничката енклава.
Во нападите се убиени најмалку 214 цивили, а ОН претходно имаше соопштено дека во тој регион се загрозени животите на најмалку 750.000 лица.