Ivana Ramadanova
11 Септември 2016•Ажурирај: 12 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Попладнево околу 15.10 часот Скопје повторно почувствува земјотрес но со поголема јачина од оној што се случи утринава, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресoт беше со јачина од 5 степени по Рихтеровата скала, 9 километри североисточно од главниот град и епицентар на длабочина од 10 километри.
Земјотресот беше почуствуван и во Велес, Битола, Тетово и Македонски Брод, а регистриран беше и во Србија и Косово.
Утринава во 6.58 часот два земјотреси го погодија Скопје и регионот. Првиот со јачина од 3,8 степени со епицентар на 6 километри источно од Скопје и вториот од 2,8 степени, кој се случил две минути по првиот, 5 километри источно од Скопје.
Засега нема пријавена поголема материјална штета од земјотресите.