свет

Неформален самит на лидерите на ЕУ во Салцбург

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во пресрет на самитот изјави дека на лидерите на Европската Унија ќе им предочи низа предлози на Комисијата

Aşkın Kıyağan  | 20.09.2018 - Обновена : 21.09.2018
Неформален самит на лидерите на ЕУ во Салцбург Aşkın Kıyağan/AA

Viena

ВИЕНА (АА) - Претседателите на државите и владите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) започнаа со неформалниот самит во австрискиот град Салцбург, а процесот на излегување на Велика Британија од Унијата (Брегзит) и нелегалните миграции се главните теми, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во пресрет на самитот изјави дека на лидерите на Европската Унија ќе им предочи низа предлози на Комисијата.

„Синоќа не е остварен забележителен напредок. Сметам дека до крајот на годината ќе биде постигнат договор за заштита на надворешните граници на Европската Унија“, рече Јункер.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, истакна дека во врска со Брегзит потребно е да се постигне заедничко решение кое ќе биде за добробит на сите страни.

Тој кажа и дека до ноември треба да се донесе одлука за статусот на Ирска.

„Отсекогаш во Европската Унија постоеја различни мислења кога на масата биле тешки одлуки. Меѓутоа, убеден сум дека сите мора да ги штитиме краткорочните и долгорочните цели на Унијата“, порача Макрон.

Домаќинот на неформалниот самит, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, истакна дека смета оти прашањето за миграциите во ЕУ нема да го реши програмата за распределба на мигранти, туку дека проблемот може да се реши со заштита на надворешните граници и со соработката со трети земји.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın